Дома Останати Ракомет Тежок пораз за младите ракометари на Пелистер од ГОГ

Тежок пораз за младите ракометари на Пелистер од ГОГ

Младинскиот тим на Пелистер доживеа убедлив пораз во полуфиналето од Фајнал-фор турнирот на Лигата на шампионите за млади, кој се одржува во Келн. Битолчани беа совладани од данскиот претставник ГОГ со високи 36-21, со што ги загубија шансите за пласман во големото финале.

Пелистерци отпатуваа во Германија со голем ентузијазам и надежи дека ќе ја изненадат европската ракометна јавност, но реалноста на теренот беше поинаква. Иако натпреварот започна изедначено, а македонскиот тим успешно парираше во првите десетина минути, ГОГ брзо наметна силно темпо и го презеде контролата врз играта.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


До крајот на првото полувреме, данскиот тим веќе водеше со 17-12, а во вториот дел предноста само се зголемуваше. Пелистер немаше одговор на агресивната и организирана игра на противникот, кој безмилосно ја полнеше нивната мрежа.

Овој пораз од 15 голови разлика е разочарувачки за младите битолчани, но пред нив останува утеха – борбата за третото место.

Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…