Дома Фудбал Тетекс преку оглас бара фудбалер – плата 24.400 денари! (Фото)

Тетекс преку оглас бара фудбалер – плата 24.400 денари! (Фото)

Во време кога европските клубови ангажираат менаџери и скаути што талкаат од стадион до стадион во потрага по следниот голем талент, кај нас сè уште владее добро познатата практика – оглас за работа.

Така, на веб-страницата на Агенцијата за вработување се појави несекојдневен оглас: ФК Тетекс, симболот на тетовскиот фудбал, официјално бара играч. За позицијата се нуди месечна плата од 24.400 денари и полно работно време од 40 часа неделно. Во делот за работно искуство стои само бројката „1“ – без објаснување дали се работи за една сезона, еден натпревар или можеби еден добро упатен шут.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Доколку сте подготвени да станете дел од тимот – Тетекс го чека својот нов фудбалски херој“, гласи огласот.

Значи, ако отсекогаш сте сонувале да заиграте професионално и притоа да заработувате 24.400 денари, ова може да биде вашата шанса. Работното време е од 9 до 16 часот, со утрински тренинзи – класична понуда за едно навистина нетипично работно место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах го напушта Ливерпул? Три клуба веќе се подготвени за негов ангажман

Клубови од Саудиска Арабија трпеливо го чекаат исходот од конфликтот помеѓу Мохамед Салах …