Дома Фудбал Тешка повреда на српската ѕвезда од 80 милиони евра

Тешка повреда на српската ѕвезда од 80 милиони евра

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус следните два до три месеца ќе мора да се соочи без српскиот напаѓач и репрезентативец Душан Влаховиќ, поради сериозна повреда на мускулот на левата нога што ја заработи за време на натпреварот од Серија А против Каљари во саботата.

“Прегледите открија високостепена руптура на мускулно-тетивниот спој на левиот адуктор. За да се одреди најсоодветниот начин на третман, ќе бидат потребни дополнителни медицински консултации”, објави Јувентус.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во оваа сезона, Влаховиќ постигна шест гола за Јувентус, кој во моментот се наоѓа на седмото место во италијанската лига, со пет бодови помалку од водечкиот Милан.

Во времето кога беше под раководството на Игор Тудор, Влаховиќ немаше статус на постојан стартер, а во еден од претходните натпревари исто така се соочи со расистички навреди од навивачите на Фиорентина.

Влаховиќ честа мета на навреди

Душан Влаховиќ, кој во Фиорентина помина четири сезони пред да премине во редовите на големиот ривал Јувентус во 2022 година за 83 милиони евра, оттогаш често е цел на навивачите на “Виола”. За нив, неговиот трансфер се сметаше како предавство, а вакви инциденти имаше и минатата сезона, кога на натпревар во Торино од гостинскиот сектор му беа упатени слични навреди.

Освен ова, Влаховиќ се соочи со расизам и во 2023 година на натпреварот против Аталанта во Бергамо. И тогаш одговори на најдобриот можен начин. Постигна гол за победа на неговиот тим со 2:0. Аталанта затоа беше казнета со затворање на еден сектор на наредниот натпревар поради немилите инциденти на нивните навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…