
Барселона јасно му даде до знаење на Марк-Андре тер Штеген дека веќе не смета на него и дека може да бара нов клуб, а изгледа дека тоа нема да биде премногу тешко за германскиот голман бидејќи се појави веќе еден голем клуб кој би сакал да го има во своите редови.
Тер Штеген веќе години беше првиот голман на Барселона и се очекуваше тоа да продолжи и во следните сезони, но Каталонците ги шокираа сите со одлуката да го стават на трансфер листата.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Наводно, Тер Штеген не се откажува толку лесно и е подготвен за „војна”, но прашање е дали ќе истрае во тоа, бидејќи во Барселона му порачаа дека, ако одбие заминување, ќе биде само трет голман.
Тие се надеваат дека Тер Штеген ќе замине ова лето и јасно е дека нема да му биде проблем да најде нов клуб, бидејќи веќе еден голем клуб покажал интерес за него.
Станува збор за Милан, бидејќи Игли Таре контактирал со Барселона за да се распраша околу Тер Штеген и добил информација дека тој навистина е на продажба.
Росонерите веруваат дека тој би бил идеално засилување и му нудат место како прв голман на “Сан Сиро”, со оглед на тоа дека Мањан скоро сигурно го напушта клубот и оди во Челзи.
Фото: Принтскрин