Дома Фудбал Тер Штеген проговори за својот комплициран однос со Меси

Тер Штеген проговори за својот комплициран однос со Меси

Марк-Андре Тер Штеген и Лионел Меси делеле соблекувална седум години, во периодот од 2014 до 2021 година и сега Германецот одлучи да проговори за нивниот комплициран однос.

Кога како 22-годишник Тер Штеген ја заменил Германија со Шпанија и пристигнал во Барселона, Лионел Меси веќе бил на својот играчки врв.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во нивната прва заедничка сезона освоија многу пехари и Барселона била на самиот врв на европскиот фудбал.

На почетокот имале феноменален однос, но тој прилично се нарушил кон крајот на престојот на Меси во каталонскиот клуб.

Германецот сега решил да проговори за нивниот комплициран однос во интервју за познатиот германски весник – „Билд“.

„Имавме моменти кога не се согласувавме. Јас понекогаш го нервирав него, а и тој понекогаш ме нервираше мене”, започна Тер Штеген.

„Мислам дека тој е единствениот човек кој може да те погоди со топка во лице кога и да посака. Ми го правеше тоа неколку пати кога беше лут“, рече со насмевка Германецот.

Фотографија: FC Барселона/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на повидок: каква суспензија заслужува Мбапе, а каква ќе добие?! (Видео)

Килијан Мбапе доби црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и го чека суспензија…