Дома Фудбал Тер Штеген немаше среќа – го чека операција и долго опоравување

Тер Штеген немаше среќа – го чека операција и долго опоравување

Марк-Андре тер Штеген ќе биде опериран во петок, соопштија од неговиот сегашен клуб Жирона. Ова ги потврдува лошите прогнози дека голманот ќе отсуствува долго време, а можно е тоа да трае дури и до 4 месеци, пишува „Спорт“.

Минатиот викенд Германецот се повреди на левата нога – зафатено е тетивото. Ова се случи во неговиот втор натпревар за Жирона по позајмувањето од Барселона. Надежите беа да не се потребна операција, но реалноста беше друга.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега од медицинскиот тим на Жирона прецизираат дека периодот на опоравување ќе биде утврден во текот на времето во зависност од тоа како телото на играчот реагира. Дополнително, ќе дознаеме дали сето ова ќе се реализира на базата на Барселона, која ги задржува неговите права.

Постојат големи стравови дека поради операцијата Тер Штеген ќе го пропушти Светското првенство во летниот период, кое започнува на 11 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…