
Марк Андре Тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „воена“ состојба. Германецот нема намера да го прифати своето заминување од Каталонија, напротив, единствениот начин да се согласи на раскин на договорот е Барселона да му ја исплати целата плата според договорот до 2028 година, што е дури 42 милиони евра.
Јасно е дека Барселона нема да ја прифати ваквата уцена, и дека спортскиот директор Деко ќе се обиде да пронајде соодветно решение за сите страни, што секако нема да биде лесно.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Тер Штеген има огромна плата која претставува проблем за сите клубови, освен за оние од Саудиска Арабија, кои го канат, но Германецот не сака да оди вон Европа, бидејќи планира да се натпреварува на највисоко ниво до Светското првенство 2026 година, кога конечно ќе биде стартер.
Тер-Штеген го сака Галатасарај, кој моментално е најконкретен, Милан го контактирал, но засега се откажа поради превисоката плата, додека интересот на Јунајтед во овој момент е во магла. Се знае дека Рубен Аморим би ја нашол замената за Андре Онана, но Тер-Штеген не е прва, ниту единствена цел.
Во случај Тер-Штеген да стане слободен, односно конечно да прифати раскин на договорот, сигурно дека клубовите ќе се јавуваат, бидејќи ќе биде идеална опција без обештетување.
Засега во редот се Галатасарај, Милан и Манчестер јунајтед, но изгледа дека нема да прифати да биде на трансфер листата, односно Барселона да заработи од неговото заминување.
Фото: Принтскрин