Дома Фудбал Тер Штеген ја израдува Барселона со новина

Тер Штеген ја израдува Барселона со новина

Повредата на Марк-Андре Тер Штеген се покажа како незначителна и капитенот на Барселона веќе е добро. Освен тоа, тој отпатува кон Саудиска Арабија, каде што тимот учествува на турнирот за Суперкупот на Шпанија.

Во среда се објави дека голманот има некаква повреда, но денес (четврток) тој објави дека тренирал нормално на базата, а потоа замина да им се придружи на соиграчите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


И додека е речиси сигурно дека Тер Штеген нема да учествува во финалето во недела, за Барса е одлична новост што тој сепак е здрав. Ова значи дека неговиот трансфер овој месец повторно е на дневен ред. Каталонците сакаат да се разделат со Германецот, за да можат да ослободат средства за плата на некој нов фудбалер. Пред неколку дена имаше гласини за интерес од Астон Вила, Тотенхем и Жирона за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Италија: Лука Модриќ пред сензационално враќање во Динамо!

Легендарниот Лука Модриќ би можел да се врати во Динамо наредното лето, пишува италијанска…