Дома Фудбал Тепачот на двете децаа во Штип останува во притвор, поднесено и обвинение

Тепачот на двете децаа во Штип останува во притвор, поднесено и обвинение

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека му е продолжен притворот на таткото на фудбалерот на Шкупи, кој пред неколку дена физички нападна двајца млади играчи на Брегалница во Штип.

Како што информираат од обвинителството, против осомничениот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик, во кое му се става на товар дека со груба сила ја загрозил сигурноста на малолетните оштетени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во немилиот настан, кој се случи на теренот „Бело Брдо“ во 89-тата минута од натпреварот, посериозни повреди претрпе едно од децата. Инцидентот започнал по исклучувањето на синот на осомничениот – Леарт Абдуљи, кому судијата му додели втор жолт картон. Играчот реагирал бурно и физички нападнал противнички фудбалер, а веднаш потоа во теренот влегол неговиот татко кој започнал да удира двајца играчи на Брегалница со тупаници и клоци.

За своето однесување, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за доживотна суспензија на Леарт Абдуљи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик никогаш не сме го виделе толку лут, инцидентот на Аноета ја „тресе“ Шпанија: Разочаран сум и бесен!

Реал Сосиедад синоќа пред своите навивачи ја победи Барселона со 2:1 во натпревар од 20. к…