Дома Фудбал Тео Хернандес го елиминира Милан, Феенорд во осминафинале

Тео Хернандес го елиминира Милан, Феенорд во осминафинале

Милан е елиминиран од Лигата на шампиони од страна на Феенорд, откако во реваншот на „Сан Сиро“ натпреварот заврши 1:1, а претходно Феенорд имаше минимална победа дома во Ротердам.

„Росонерите“ имаа блескав старт на натпреварот, со погодок на Гименез веќе во првата минута. Милан доминираше во текот на првото полувреме, создавајќи одлични шанси и погодувајќи ја стативата, што ги донесе блиску до пласман во следната фаза.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


На самиот крај од првото полувреме, Тео Хернандес доби жолт картон, а во 54-та минута, поради симулација, заработи и втор жолт, па го остави тимот на цедило.

Со играч помалку, Милан не успеа да одржи предност. Феенорд го искористи ова и постигна гол, израмнувајќи на 1:1, што беше доволно за нивно место во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…