Дома Фудбал Тео дефинитивно си замина, Милан здивна: Пет имиња има на листата со потенцијални замени

Тео дефинитивно си замина, Милан здивна: Пет имиња има на листата со потенцијални замени

Тоа што беше најавувано вчера, дефинирано е во текот на ноќта, Тео Ернандез попушти, рече „да” на Ал Хилал, заради заминувањето од сериозниот фудбал ќе се утеши со околу 20 милиони евра годишно. Арапите се согласија на неговите барања, во касата на Милан ќе се слеат околу 25 милиони евра, плус бонуси. Договорот на францускиот лев бек кој започнал кариера во Шпанија истекува следната година, повеќе од парите на Милан му значи тоа што ќе ја ослободи соблекувалната од, како што се зборува, неговото влијание во тимот.

Клубот направи листа на потенцијални замени, Алегри го посакува Камбијасо од Јувентус, но се чини дека тоа е невозможна мисија, ако Јуве го продава фудбалерот, повеќе би ја прифатиле понудата од Сити.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Де Кејпер од Бриж би бил одлично решение, го посакува и Рома, но новиот белгиски репрезентативец е поблиску до Премиер лигата.

Ни останатите цели не се лесно достапни, Удоги е репрезентативец на Италија, Тотенхем бара за некогашниот фудбалер на Удинезе околу 30 милиони евра, додека Украинецот Зинченко би бил засилување по мерка. Сепак, овој лев странски играч кој може да игра и во средината на теренот има плата околу пет милиони евра. Со други зборови, тешко дека ќе се пресели во Серија А за помалку, а најголемата плата во Милан е 5,5 милиони, толку заработува Рафа Леао.

Жуниор Фирпо кому му истекол договорот со Лидс е една од опциите, поранешниот бек на Бетис и Барса преговара со Лион, се спомнува и Тајрик Мичел од Палас, но тоа е сепак некоја бекап опција…

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓокереш го известил Спортинг: Не се враќа во Спортинг!

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш (27) го извести претседателот на Спортинг за својата одлу…