
ВАЖЕН МОМЕНТ во Леверкузен: Ерик тен Хаг (55) сфати дека иднината му е неизвесна само три месеци по неговото претставување како тренер на клубот. На 26 август, тимот го претстави Лукас Васкез (34). Големо име кое пристигна бесплатно од Реал Мадрид, играч со пет титули од Лигата на шампионите, донесен за да го води тимот. Тен Хаг не бил известен за овој трансфер, пишува Bild.
Не беше дел од процесот на ангажирање на играчот кој требаше да биде новиот лидер на теренот. Спортскиот директор Симон Ролфес (43) преку видео повици објасни каква улога ќе има Васкез во соблекувалната, што беше потврдено и на самата презентација. Дури на 26 август Tен Хаг првпат разговараше со Васкез, откако договорот беше постигнат два дена порано, медицинските прегледи завршени по претставувањето во Мадрид и беше потпишан договор на две години.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Без оглед на тоа дали раководството на Баер го исклучи од процесот бидејќи не му веруваа или не го ценеле како тренер, во тој момент на Tен Хаг му стана јасно дека нема иднина во Леверкузен. Само шест дена подоцна, вицешампионот на Бундеслигата ја прекина соработката.
Всушност, вистинска соработка никогаш и не се реализираше. Ролфес мораше да признае дека изборот на тренер му беше најголемата грешка како менаџер, но беше подготвен да ја поправи за да спречи поголема штета. Во клубот и во Bayer AG, овој потег се смета за акт на сила.