Дома Фудбал Тебас го понижи Перез како никој досега: Реал е срамота, ова не е фудбал

Тебас го понижи Перез како никој досега: Реал е срамота, ова не е фудбал

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа жестоко го нападна првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но и самиот клуб.

По сите случувања во Севиља и бојкотот пред финалето на Кралскиот куп од страна на Реал Мадрид, се огласи претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Тебас, кој според неговите сопствени признанија е навивач на „Кралевите“, зборуваше против тимот од Мадрид и претседателот Флорентино Перез. Го нарече насилник кој сака да контролира сè.

Прво Тебас се обрати против Перез со зборовите: „Ова не е фудбал, ова е демонстрација на моќ.“

„Не му се допаѓа Тебас затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓа Чеферин затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓа Лоузан затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓаат ТВ коментаторите затоа што не зборуваат тоа што тој сака да чуе.“

„Не сака да напредува со реформа на судењето затоа што тоа не е она што го сака. А сега после изјавите на судиите за постојаното вознемирување од страна на Реал Мадрид ТВ, реагира на начин на кој најдобро знае.“

„Бојкотираше прес-конференција, откажа тренинг и сите службени активности пред финалето и не сакаше да игра финале“, напиша Тебас.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синер испрати порака пред враќањето на теренот по суспензијата

Јаник Синер наскоро му завршува тримесечната суспензија, а успеа да остане на врвот на АТП…