Дома Фудбал Англија Teнзии на „Олд Трафорд“: Санчо го обвини Тен Хаг дека лаже

Teнзии на „Олд Трафорд“: Санчо го обвини Тен Хаг дека лаже

Се разбранува малку атмосферата на „Олд Трафорд“, Тен Хаг и Џејдон Санчо влегоа во јавна кавга.

Санчо не беше во составот за дербито против Арсенал кое Јунајтед го загуби со 3:1. По натпреварот новинарот на прес-конференцијата поставија прашање зошто Тен Хаг го изоставил.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Зошто Санчо не е во составот? Поради слабите перформанси на тренинзите не беше селектиран. Секој секогаш треба да е на ниво“, изјави Тен Хаг.

Набрзо по ваквата изјава на Тен Хаг се огласи Санчо кој тврди дека стратегот на Манчестер Јунајтед лаже.

„Ве молам не верувајте во се што ќе слушнете. Нема да дозволам да се зборуваат невистини за мене, на тренинзите во изминатата недела бев навистина добар. Мислам дека има други причини зошто не бев во составот, а во нив не сакам да навлегувам. Долго време јас сум жртвено јагне и не е фер“, порача фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Необична сцена на натпреварот на Челси и Барселона – се појави лисица! (Видео)

Лисица го украде шоуто на Стамфорд Бриџ пред големата средба на Челси и Барселона Точно пр…