Тешки зборови на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.
Според зборовите на Џонсон, Англија би требало да го бојкотира претстојниот Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Путин на ова Светско првенство ќе користи методи какви што користеше Хитлер за организација на Олимписките игри во 1936 година. Едно големо спортско случување повторно ќе биде искористено за глорификација на ликот и делото на еден диктатор“.
„Знам дека поголемиот дел од луѓето нема да се сложат со мене и сметаат дека претерувам, но мислам дека мојата споредба е сосема на место. Доколку ги споредите околностите тогаш и сега и самите ќе се уверите“.
„Англија не би требало да учествува на ова Светско првенство. Ние не смееме да бидеме дел од претставата на Путин каде што ќе ја демонстрира својата моќ. Русија не е безбедна за англиските државјани. Нашата амбасада не може ништо да направи, таму човековите права не се почитуваат, всушност не ни постојат“, изјави Борис Џонсон.