Викендов во Кавадарци се игра натпревар на две, до сега, непоразени екипи во плеј-аутот на македонската суперлига во ракомет.
Голден Арт КЛ7 гостува на фаворитот за првото место, ГРК Тиквеш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракометарот на овој клуб, Евгениј Темелкоски очекува тежок натпревар.
“Пред нас е исклучително тежок натпревар со Тиквеш во Кавадарци. Секако тоа е најтешкиот противник за нас во оваа фаза на првенството. Можам да кажам, со оглед на искуството што го имаат во своите редови, дека нашиот следен противник е еден од тимовите кои ќе останат и идната натпреварувачка сезона во суперлигашка конкуренција. Голедн арт КЛ7 и Тиквеш се единствените непоразени екипи во досегашниот тек од плеј-оф разигрувањето. Во нашите претходни натпревари, иако сме најмлада по возраст екипа, прикажавме пожртвуваност и дисциплина во реализирањето на договореното со нашиот стручен штаб. И овој пат очекувам неизвесен натпревар до самиот крај, иако како што напоменав ќе биде тешко со искусниот состав на Тиквеш, тим со неколку странци во своите редови. Има уште да се игра до крајот на првенството, така што без разлика на конечниот резултат, имаме шанса за реванш на наш терен“.