Дома Фудбал Лига на шампиони Teлефонскиот повик кој променил се: Лаутаро денес можел да игра за Атлетико…

Teлефонскиот повик кој променил се: Лаутаро денес можел да игра за Атлетико…

Денес во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите играат Интер и Атлетико Мадрид, а Диего Милито раскажа како денес Лаутаро можел да биде играч на Атлетико, место на Интер.

Лаутаро прерасна во еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ и минатото лето ја доби капитенската лента. Сепак, работите можеле да бидат поинакви затоа што тој пред да потпише за Интер имал скоро договорен трансфер во Атлетико.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден телефонски повик променил се…

„Кога влегов во раководството на Расинг (клубот на Лаутаро) се водеа преговори со Атлетико, се беше во завршна фаза. Поради тоа му се јавив на Хавиер Занети бидејќи знаев дека тие го следат.

Интер по тој мој повик експресно реагираше, Аусилио дојде во Аргентина и ја заврши работата. Разговарав и јас со Лаутаро, му објаснив зошто според мене подобро би било да го избере Интер и мило ми е што ме послуша“, раскажа Милито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…