Легендарниот Мајк Тајсон предизвика бура од реакции со изјавата дека дуелот со Џејк Пол беше „повеќе шоу отколку спорт“, дополнително распалувајќи ги шпекулациите за однапред договорен епилог на борбата.
Јавноста е поделена, додека некои тврдат дека резултатите се наместени, други го гледаат овој меч како природен крај на една кариера и почеток на ново поглавје за боксерската легенда.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Тајсон во интервју за медиумите нагласи дека се чувствува „задоволно“, но и „збунето“, додавајќи дека му е најважно да остане верен на себе и секогаш да ѝ дава на публиката тоа што го очекува од него, а тоа е забава.
„Магично. Сè се случи многу брзо, осум рунди поминаа како миг. Не бев уморен, а не се ни испотив…“, вели Тајсон.