Холандски Ајакс вчера преиреди уште едно изненадување во Лигата на шампионите, откако во претходната фаза го елиминираа Реал Мадрид, вчера со нова победа на гости ставија крај на евро сезоната за Јувентус.
Во Ајакс секако дека после елиминацијата на двата европски гиганти се полни со самодоверба и веруваат дека можат да одат и до самиот крај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот фудбалер Душан Тадиќ кој вчера не одигра епски натпревар како против Реал, но сепак беше на потребното ниво зброуваше на таа тема.
Тадиќ констатно се отвараше, проигруваше и креираше прилики за Нерес и Зијеш…Заслужи како и цел Ајакс да игра во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.
„Многу сум задоволен од пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, одлично е што овој тим никогаш не се задоволува со постигнатото. Се ова е една голема авантура, но сакаме да ја продолжиме. Ќе видиме каде ни се нашите граници“, изјави Тадиќ после натпреварот.
Потоа тој додаде дека никој не смее да го отпише Ајакс и дека во завршницата се е можно.
„Можеме да победиме било кого. Овој тим е гладен за победи. Манчестер Сити и Тотенхем се два силни тима. Ќе имаме тежок противник, но на никого нема да му биде лесно против нас. Ако продолжиме да играме едни за други, можеме да ги победиме сите“, заврши српскиот фудбалер.