Дома Останати Кошарка Тажна вест од НБА: Почина поранешен кошаркар на Лејкерс и Сан Антонио

Тажна вест од НБА: Почина поранешен кошаркар на Лејкерс и Сан Антонио

Поранешниот кошаркар Стен Лав почина на 77 години, соопшти неговиот син, играчот на Мајами Хит, Кевин Лав.

„Тато, долго се бореше. Најтешкиот период беше последните шест месеци. Најтешко беше одбележан за време на последните неколку недели. Дури и на крај, кога ти се влошуваше состојбата, те гледав како џин, мојот заштитник и мојот херој“, стои во објавата на Кевин Лав на социјалната мрежа Инстаграм.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Стен Лав беше деветтиот избор на драфтот на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) во 1971 година, а за време на својата петгодишна кариера играше за Балтимор, Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио.

Неговиот син Кевин, кој се роди во 1988 година, пет пати беше ол-стар на НБА лигата, а покрај Мајами во кариерата играше за Минесота и Кливленд, со кој во 2016 година ја освои шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс ги обвинуваат судиите за поразот: Две спорни одлуки во последните 33 секунди (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс ги обвинуваат судиите за поразот од Минесота Тимбервулвс во четвртиот …