
Фудбалскиот свет е во траор поради трагедија што се случи во раните утрински часови – во сообраќајна несреќа прерано отиде Диого Жота, фудбалер на Ливерпул, заедно со неговиот брат, Андре Силва.
По него останува сопругата Руте Кардозо, со која беше поврзан од младоста.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Диого Жота го загуби животот кога задната гума на Ламборгини-то со кое патуваа тој и неговиот брат пукна, предизвикувајќи загуба на контрола над возилото, што удари во бариера и излета од патот, по што се запали.
Жалосно е што спасувачите и лекарите не можеа ништо друго освен да го потврдат најлошото. Шансите за преживување беа минимални.
Сето ова се случи само 11 дена по свадбата која Диого Жота и Руте Кардозо ја прославија со своите тројца деца.
За несреќната сопруга на фудбалерот на Ливерпул, сè се измени преку ноќ.
Тоа ја остави со најтешката задача, да ги идентификува сопругот и неговиот брат по трагедијата.
Фоторепортерите во Замора ја забележаа сцената пред институтот за судска медицина кога пристигна погребното возило, заедно со група луѓе – меѓу нив, како што се верува, и сопругата на Диого Жота, која присутните се обидуваа да ја смируваат и утешат.