Дома Останати Кошарка Таткото на починатиот летонскиот кошаркар: Пеколот почна кога таа дојде во нашите животи!

Таткото на починатиот летонскиот кошаркар: Пеколот почна кога таа дојде во нашите животи!

Таткото на покојниот летонски кошаркар Јанис Тимa, Рајтис Тимa, остро зборуваше за бившата сопруга на неговиот син Ана Седокова, на чиј роденден се самоуби.

„Ништо не знам за неа. Прашајте ја за пеколот што го направи. Знам дека пеколот почна кога таа се замеша во нашите животи”, рече тренерот од Летонија.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неговиот син, познатиот евролигашки кошаркар Јанис Тимa, си го одзеде животот во понеделникот, по разводот со украинската пејачка. Таткото на кошаркарот откри во вторникот дека тие двајца имале многу лош однос.

„Сѐ уште ништо не знам. Сакам да најдам некаков контакт, а не знам со кого можам да разговарам. Три години имавме конфликти и насекаде бев блокиран. Не можам одеднаш да влезам во историјата на тој однос. Односот беше ужасен“, рече Летонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …