Дома Фудбал Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, кога од трибините се слушна непријатното скандирање „Кој не скока, тој е муслиман“. На тоа прв реагираше Ламине Јамал, а потоа и неговиот татко, Мунир Насрауи.

Натпреварот се играше на стадионот на Еспањол, а никој не очекуваше дека ќе привлече толку внимание поради инцидентот на трибините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во еден момент, домашните навивачи почнаа да скандираат „Кој не скока, тој е муслиман“, иако еден од нивните најдобри играчи, Ламине Јамал, е муслиман.

Таа постапка го потресе младиот играч на Барселона, но тој не сакаше да го нагласува тоа по крајот на натпреварот.

“Не вреди да се зборува за тоа. Немам одговор на такви нешта. Ние знаеме какви се нашите вредности и не вреди да го споменувам тоа”, изјави Јамал.

Сепак, неговиот татко Мунир Насрауи, кој исто така е муслиман, одлучи да реагира по случувањата.

Таткото на Јамал испрати силна порака по скандалозното однесување на некои шпански фанови, порака која одекна низ Пиринејскиот Полуостров и светот.

“Да живеат сите муслимани, христијани и евреи на светот, да живеат сите добри луѓе. Сите сме браќа. Почитувајте и ќе ве почитуваат”, порача таткото на еден од најпознатите фудбалери во светот.

Многу луѓе во Шпанија ја осудија сцената која се случи на стадионот на Еспањол, нагласувајќи дека таквото однесување е неприфатливо не само кон нивните репрезентативци, туку и кон секој човек.

Колку беше погоден Јамал од случувањата можеше да се види веднаш по завршувањето на натпреварот, бидејќи тој беше единствениот играч на Шпанија што веднаш го напушти теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит снимка: Патници во авион ја добија веста дека Босна ќе игра на Мундијал (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот успеа да се квалификува за …