
Таткото на ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат преку објави на социјалните мрежи. Мунир Насрауи, со потекло од Мароко, напиша неколку објави во кои се соочи со своите критичари. Со тоа успеа да ги заинтересира и медиумите во Шпанија.
“Роден сум да умрам, а не да бидам куче на некого”, објави таткото на Јамал на неговиот Инстаграм профил. Шпанските медиуми ова го протолкуваа како одговор на сите оние што го критикуваат за неговата отвореност и директност, како и како форма на поддршка за неговиот син. Дополнително, напиша и пост кој гласи:
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Моите објави ги гледаат 80 проценти од луѓето што не ме следат. Не ми е потребен никој, само благословот на мајка ми.” Ова не е прв пат Мунир Насрауи да создаде внимание во јавноста. За време на неодамнешното доделување на Златната топка, во момент на тензична тишина пред прогласувањето на победникот, тој викнал во салата “Ламин, во добро и во зло”.
Оттогаш, постојано се соочува со критики на социјалните мрежи. Имаше и бизарно видео, каде што објаснуваше како се приготвуваат пилешки медалјони, додека во позадина се гледаше статуа на неговиот син.