Дома Бокс Тajсон: Ниту во најдобрите денови не би можел да го победам Али

Тajсон: Ниту во најдобрите денови не би можел да го победам Али

Мајк Тајсон важеше за еден од најстрашните боксери во историјата на спортот, а многумина го сметаат и за најопасниот борец на својата генерација. Во неговиот врв, кај противниците беше предизвикуван страв благодарение на неверојатната комбинација на агресивност и ударна моќ. По него, никогаш не се појави боксер со исти физички карактеристики кој би можел на сличен начин да доминира над големите тешкаши.

Во своите најдобри години Тајсон беше посебна сила во рингот, а снимките од неговите спектакуларни нокаути и денес се исклучително популарни. Сепак, иако се смета за еден од најголемите, Тајсон призна дека постои еден боксер кој би го победил дури и на врвот на неговата кариера – Муамед Али.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нема човек како него, едноставно не постои. Беше вистински животно, изгледаше повеќе како модел отколку како боксер. Никој не може да го победи Али. Тој би ме победил и мене, дури и во најдобрите денови”, рече Тајсон во интервју.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Ништо од спектаклот: Откaжaн бокс-мечот меѓу Џејк Пол и шампионот во бокс

Долгоочекуваниот бокс спектакл меѓу Џејк Пол и Џервонто Дејвис, кој требаше да се одржи за…