
Снимка од еден тим-аут на натпревар од АБА лигата предизвика огромно внимание и брзо стана вирална на социјалните мрежи. Тренерот на Студентски центар, Петар Мијовиќ, се најде во фокусот на вниманието.
Кошаркарите на Клуж во петок навечер, пред домашна публика, го победија Студентски центар (96:85) во 12. коло од АБА лигата, што ги доведе до осмата победа во регионалното натпреварување. Со оваа победа, романскиот тим се проби на второто место на табелата во група А, иако со два натпревари повеќе од Партизан, кој има исти број на победи, но само еден пораз.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Домаќинот уште од почетокот наметна свој ритам и поголемиот дел од натпреварот го контролираше резултатот, додека гостинскиот тим не успеа да одржи континуитет во играта. За време на еден тим-аут, Мијовиќ бурно реагираше на одлуките на судиите, а снимката со неговите зборови брзо се прошири низ интернетпросторот.