
Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки поради возење под дејство на опијати и предизвикување сообраќајна несреќа на Флорида. Инцидентот, кој многумина го опишаа како „страшен“, се случи во петок попладне на островот Јупитер, а фотографиите од местото на настанот веќе го обиколуваат светот.
Сè започна кога Вудс, движејќи се со голема брзина во својот луксузен SUV, се обидел да претекне камион со приколка во станбена зона. Притоа закачил задниот дел од другото возило, изгубил контрола и се превртел на страна. Иако сцената изгледала застрашувачка, Вудс успеал самиот да се извлече низ прозорецот од совозачката врата. За среќа, ниту тој ниту возачот на другото возило не биле повредени.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По повод инцидентот се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој ја дознал веста додека патувал кон својот имот Мар-а-Лаго, оддалечен само 30-ина километри од местото на несреќата.
– Се чувствувам ужасно поради тоа. Тој е мој многу близок пријател. Неверојатна личност, неверојатен човек. Но, очигледно има некои потешкотии – кратко прокоментира Трамп пред да го прекине разговорот на таа тема.