
Тајгер Вудс изјави дека ќе „направи пауза во кариерата на определен период, ќе побара лекарска помош и ќе се фокусира на здравјето” откако беше приведен по сообраќајната несреќа што ја предизвика.
Овој 50-годишник беше приведен и обвинет за возење под влијание на алкохол откако во текот на минатата недела влегол на патека по која се движел камион и му се превртел автомобилот на Флорида.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ќе му се суди и за нанесување штета на имот и одбивање да биде подложен на задолжително тестирање за алкохол.
Претходно, полицијата детално го опиша неговото однесување по несреќата.
Вудс имал две таблети хидрокодон во џебот, а тоа е аналгетик кој се користи против силни болки, пишува во полицискиот извештај.