Дома Фудбал Тага во Манчестер јунајтед: Почина третиот стрелец во историјата на клубот

Тага во Манчестер јунајтед: Почина третиот стрелец во историјата на клубот

Денис Лоу, легендарен репрезентативец на Шкотска и еден од најголемите фудбалери во историјата на Манчестер Јунајтед, почина на 85 години.

Лоу беше вториот британски фудбалер по Стенли Метјуз, кој ја доби Златната топка за најдобар играч во Европа.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Тој тоа признание го доби во 1964 година и останува единствениот шкотски фудбалер кој официјално бил најдобар во Европа.

Заедно со Кени Далглиш е најдобриот стрелец на репрезентацијата на Шкотска на сите времиња со 30 голови, а неговите 237 голови во дресот на Јунајтед го прават третиот најдобар голгетер на Црвените ѓаволи зад Вејн Руни и Боби Чарлтон.

Со Јунајтед освои шест трофеи, вклучувајќи две титули првак на Англија и историскиот прв пехар од Купот на шампионите за Јунајтед во 1968 година.

Колку Лоу е голем во очите на навивачите на Јунајтед доволно зборува фактот дека го сметаат за легенда и покрај тоа што како фудбалер на градскиот ривал Манчестер Сити ги исфрли во втора лига.

Имено, во 1974 година како играч на Сити во последното коло го постигна одлучувачкиот гол во градското дерби со кој Јунајтед го испрати во понизок ранг на натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот најде совршено засилување: Ливерпул сака да купи 23-годишен фудбалер

Ливерпул сака да го ангажира Жоао Гомеш од Вулверхемптон како дел од нивните напори да го …