Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беше стандарден во хрватскиот тим на Европското првенство, а по негова елиминација стави потпис на договор до 2029 година. Во текот на минатата сезона, Станишиќ импресионираше со тимот на Баер Леверкузен, а сега се враќа на „Алијанц арена“ каде треба да биде важна алка во тимот на Компани.