Набрзо по завршувањето на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде претставен францускиот голгетер Килијан Мбапе.
Реал Мадрид непосредно пред почетокот на првенството го потврди трансферот и најави дека презентацијата ќе се случи по првенството. Познат е и точниот датум и се ќе се случува на 16. јули со почеток од 19:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите се дека ќе бидат распродадени сите 80.000 билети кои ќе се пуштат во продажба.
Шпанските медиуми сега откриваат и дел од планот за претставувањето. Ќе има поставено патека на која Мбапе ќе се појави на сцената, додека на бината ќе има и огнени ефекти.
Исто така ќе има и бедови кои ќе настапат, предвидени се огномети, панорамски камери…Дефинитивно оваа презентација на Мбапе ќе биде шоу какво што досега немало за претставувањето на еден фудбалер.