Дома Македонски спорт Мак фудбал Постигнат е договор: Вардар доби нов сопственик!

Постигнат е договор: Вардар доби нов сопственик!

Македонскиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар од вечерва има нови сопственици, потврдуваат од редовите на „Комити“ кои во изминатиот период управуваа со клубот.

Засега не се открива името на спонзорот, ниту детали од договорот и тоа треба да се случи во наредниот период.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Во името на групата, како и во името на досегашното В.Д. раководство, би сакале да ја известиме јавноста, дека денес беше постигнат успешен договор со новите сопственици, кои во периодот што следува, целосно транспарентно ќе го превземат управувањето на клубот.
Приказната наречена ,,Вардар – клуб на народот” околу која се обединија илјадници навивачи, а која несомнено ќе остави траен белег во однос на позиционирањето на клубот во одреден општествен контекст, ќе продолжи да живее. Да живее и да се развива!

Би сакале да потенцираме дека во текот на преговорите, заедно со сите засегнати страни, успеавме да го постигнеме најдоброто решение за Вардар и да ги донесеме најважните одлуки, за кои длабоко веруваме дека ќе допринесат пред се кон процесот на целосна рехабилитација на клубот од повеќегодишната криза, а воедно и дека истите ќе допринесат кон тоа да клубот во најбрз можен временски период, повторно  се врати на шампионските патеки – онаму каде што припаѓа. Тоа е борбата од која никогаш нема да се откажеме!

Поради комплексноста на самиот процес, а и поради клаузулата за доверливост, не сме во можност да ги изнесеме сите детали на постигнатиот договор. Но, секако во првиот момент, штом договорот биде официјално реализиран, пред јавноста целосно ќе ги соопштиме сите потребни информации.
Тоа што во моментов со сигурност можеме да го соопштиме е дека досегашниот искрен пристап во раководењето на клубот ќе продолжи и понатаму и дека оваа успешна приказна која ја започнавме, заедно со новите официјални сопственици, успешно ќе продолжиме да ја развиваме.

За крај, свесни за историската одлука, би сакале конкретно да им се обратиме на сите луѓе кои допринеле клубот низ годините на тешки борби да опстои и да преживее. Ние никогаш нема да дозволиме клубот да пропадне и ние никогаш нема да дозволиме нашиот заеднички труд да пропадне. Од првиот момент на заедничката борба, не водеше исклучиво емоцијата и искрената приврзаност кон големиот Вардар. Така било така и ќе остане – засекогаш!

За крај, уште еднаш би сакале да потенцираме дека наскоро пред јавноста ќе ги соопштиме сите точки на договорот со новите сопственици, кои заедно со нас се обврзаа да помогнат и да бидат дел од борбата за најголемиот македонски фудбалски бренд – Вардар, кој наскоро повторно ќе се врати во својот дом и кој  повторно ќе цели кон европскиот фудбалски врв“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…