Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед планира да отпушти околу 250 вработени како дел од долгорочна програма за намалување на трошоците.
Вработени во сите сектори и на сите нивоа во клубот треба да останат без работа, освен хуманитарното здружение Манчестер Јунајтед Фондацијата, а овој број на отпуштања би значел намалување на бројот на вработени за една петтина, односно за 22 отсто.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед минатата сезона го зазеде осмото место во домашното првенство, што е најнизок пласман на 20-кратниот шампион на Англија од формирањето на Премиер лигата на почетокот на 90-тите.
Исто така, ова значително намалување на трошоците дојде откако британскиот милијардер Џим Ретклиф купи 25 отсто од клубот. Според податоците од јуни минатата година, Јунајтед имал 1.112 вработени.