Хрватскиот третолигаш Кустошија продолжува да поставува стандарди како треба да се работи. Минатото лето Кустошија го продаде Микаил Фаје во Барселона, а сега направи уште една одлична зделка испраќајќи го 17-годишниот Дино Клапија во Лајпциг. Клапија 17-годишен фудбалер роден во САД кој летово дојде во Хрватска од академијата на Њујорк Сити и беше јасно дека станува збор за голем талент. …