Словенецот Лука Дончиќ игра фантастично по продолжувањето на сезоната во НБА лигата. Вчера Дончиќ одигра одличен натпревар против Клиперс иако неговиот Далас загуби. Солиден во тимот на Далас беше и Кристап Порзингис за кого Словенецот имаше една мајсторска асистенцијата. Дончиќ на оваа средба се издвои со пасот без гледање после кој Порзингис поентираше.