Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ одличен, Далас изедначи, Бостон до 2:0 против Филаделфија ?

Дончиќ одличен, Далас изедначи, Бостон до 2:0 против Филаделфија ?

Далас Маверикс славеше против Лос Анџелес Клиперси со 127:114 и така изедначија во серијата на 1:1.

Во одличен меч Мавси заслужено стигнаа до победа и до изедначување во серијата против Клиперси кои не беа на вистинско ниво. Одлична вечер имаше Лука Дончиќ кој уфрли 28 поени и оствари учинок од осум скокови и седум асистенција. Солиден беше и Кристапс Порзингис со 23 поени и седум скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На другата страна Каваи Ленард уфрли 35 поени и запиша 10 скока, Лу Вилијамс оствари 23 поени, а потфрли Пол Џорџ. Тој шутираше само 4 од 17 од игра и го заврши мечот со 14 поени и 10 скокови.

Фантастична вечер имаше и Џејсон Татум кој го одведе Бостон до втора победа против Филаделфија (128:101). Татум натпреварот го заврши со 33 поени за 30 минути поминати на паркетот. На другата страна Џоел Ембид постигна 34 поени и доаде 10 скока.

Во натпреварот нешто порано Јута изедначи против Денвер победувајќи со 124:105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…