Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го доби новиот претседател. На вонредното Собрание на ФФМ, по приемот на оставката на Муамед Сејдини, делегатите едногласно го избраа Масар Омерагиќ за нов водич на македонскиот фудбал. По шест години лидерство на Муамед Сејдини, ФФМ преминува во нова фаза под раководство на Масар Омерагиќ, искусен фудбалски професионалец со долгогодишно искуство и длабоко …