Дома Фудбал Вардар се намачи, но ги освои бодовите во Ѓорче, херој беше Омерагиќ!

Вардар се намачи, но ги освои бодовите во Ѓорче, херој беше Омерагиќ!

Фудбалерите на Вардар не дозволија изненадување и денеска со победа над Македонија Ѓорче Петров од 2-1 ја потврдија првата позиција за првиот дел од сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од првата минута Вардар тргна офанзивно кон голот на домаќините, правеше се за да дојде до гол, но и покрај теренската иницијатива во првиот дел мрежите мируваа.

Казната за промашувањата на Вардар стигна во 53. минута кога Еступининан ја затресе мрежата на Вардар.

Но, Вардар сепак, не се откажа од својата намера и во 62. минута прво дојде до израмнуваање, а само четири минути подоцна направи целосен пресврт. Стрелец на двата гола беше Омерагиќ.

Со овој триумф Вардар остана пед Струга со бод повеќе. Стружани денеска во својот натпревар го совладаа Тиквеш на домашен теерен со 1-0.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Судиите му ја „украле“ титулата на Манчестер сити во Премиер лигата

Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и стави крај на долгото чекање за шампионскиот…