Дома Фудбал Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ја освои наградата за Играч на месецот во Ла Лига за ноември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крилото на Каталонците собра најмногу гласови од фановите и така се избори за признанието во конкуренција со Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Микел Ојарсабал (Реал Сосиедад) и Жерард Морено (Виљареал).

Минатиот месец Јамал постигна гол при победите над Елче со 3:1 и над Селта со 4:2, при триумфот со 4:0 над Атлетик Билбао запиша две асистенции, а кога Барселона победи со 3:1 над Алавес, шпанскиот репрезентативец придонесе со едно постигнување и една голова асистенција. Така, со своите три голови и три асистенции во четири натпревари во ноември, 18-годишниот талент ја заслужи месечната награда во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…