Дома Фудбал Поставен луд светски рекорд: Руси играа фудбал на 1.800 метри наадморска височина

Поставен луд светски рекорд: Руси играа фудбал на 1.800 метри наадморска височина

Сергеј Бојцов, руски екстремен спортист, организираше несекојдневен настан и играше фудбал на платформа која во тој момент се наоѓаше на височина од 1.800 метри над земја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Платформата висеше под балон наполнет со топол воздух, а снимките кои беа направени ги воодушевија фановите и им го одземаа здивот.


Снимките се направени во Јасногородскиот округ во Тулската област, кој се наоѓа на 240 метри надморска височина, што значи дека тројцата Руси играа фудбал на височина од 2040 метри надморско ниво.

Интересно е дека ова е нов рекорд во однос на височина на која е одигран натпревар, но сепак висината е за половина пониска од стадионот Municipal de El Alto во Боливија, кој се наоѓа на 4.080 метри.

Инаку, Бојцов е познат инфлуенсер по слични акробации и не му е првпат да предизвика гравитацијата. Тој веќе порано споделуваше слични видео записи од спортски активности на височина од 1.500 метри.

Покрај фудбал, на таа висина играл и пинг-понг, а организирал и боксерски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше д…