Талески имаше ограничена минутажа во Лисабон во редовите на Бенфика, па се одлучи за враќање во Македонија и тоа во клубот со кој освои три шампионски титули во домашното првенство и еден Куп на Македонија. „Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!“, објави Вардар. …