Maксимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на Златан Ибрахимовиќ за првпат доби повик во јуниорската репрезентација на Шведска. Летово младиот напаѓач го потпиша првиот професионален договор со Милан каде што неговиот татко ја заврши кариерата. „Одлично тргна Максимилијан со Примавера тимот на Милан и ова е добра прилика да го видиме во нашето опкружување“, изјави тренерот на јуниорите на Шведска Андреас Петерсон. …