Доаѓањето на Рубен Аморим треба да донесе одредени промени во Манчестер јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кога се работи за преодниот рок, Аморим веќе разговарал со управатан а клубот и донесена е одлука приоритет во јануари да биде позицијата десен бек.
За неговата формација потребни се бекови кои се активни и во нападот. Во таква ситуација опција може да биде Милош Керкез.
Тој е фудбалер кој Фабрицио Романо го најави како можно засилување за „црвените ѓаволи“. Станува збор за српски фудбалер кој го носи дресот на Унгарија и во овој момент е фудбалер на Бормут.
Покрај него Алфонсо Дејвис е мета на Манчестер јунајтед, но тука е добро познато и дека Реал Мадрид е во игра. Во главно, Аморим тргнува во своја мисија на „Олд Трафорд“, има големи планови, меѓутоа потребни му се и засилувања.