Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16. и 18. декември во Скопје. Првично, беа закажани два натпревари против Црна Гора, но гостинската репрезентација го откажа доаѓањето во Скопје. …

