Eкипата на Охрид потврди дека се засилува со Ловро Јотиќ. Во Охрид Јотиќ пристигнува како големо засилување и со искуство од македонскиот ракомет каде што претходно го носеше дресот на Вардар и Еурофарм Пелистер. Со Охрид Јотиќ потпиша договор до 2026 година. Покрај Вардар и Еурофарм Пелистер, Јотиќ во кариерата играше уште за Алборг и Загреб.