Некогаш славниот француски напаѓач и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, по завршувањето на својата играчка кариера создаде милијарди евра благодарение на голем деловен потфат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Додека некои фудбалери брзо го расфрлаат целото богатство стекнато на фудбалските терени, Луис Саха паметно ги вложи своите пари и заработи цифра неспоредлива со онаа што ја имаше додека блескаше на терените ширум Европа.
Саха ја заврши својата кариера во 2013 година и веднаш започна свој сопствен бизнис наречен „xisStars“. Како што е официјално претставена компанијата, таа е „заедница која овозможува поврзување помеѓу професионални спортисти, забавувачи, нивните колеги и партнери“. Во моментов, дури 550 спортисти ги користат неговите услуги.
Тој остана во светот на спортот, а заедно со него во бизнисот се приклучија и поранешниот шеф на маркетинг во Манчестер Јунајтед Мајк Фарнан, технолошкиот директор Патрис Арнер и маркетинг експертот Кејт Хамер.
Како што објави „MSN“, бизнисот расте од 2013 година и моментално достигна неверојатни 4,2 милијарди евра. Уште поимпресивно, моменталната проценета нето вредност на Луис Саха е 5,16 милијарди евра.
Во текот на кариерата, францускиот фудбалер постигна 159 гола на 492 настапи во сите натпреварувања. Тој е двократен шампион на Англија, а со Манчестер Јунајтед ја освои и Лигата на шампионите. За француската репрезентација одигра 20 натпревари.