Дома Фудбал Англија Објавено видео од соблекувалната на Манчестер сити: Гвардиола во вакво издание не сте го виделе 🎥

Објавено видео од соблекувалната на Манчестер сити: Гвардиола во вакво издание не сте го виделе 🎥

Фудбалската јавност е во исчекување на документарецот „Together: 4-In-A-Row“ кој ќе биде посветен на успехот на Манчестер сити и освојувањето на четири титули во низа во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ на социјалните мрежи сега објавија најава во која можеме да го видиме Пеп Гвардиола во едно поинакво издание.

Шпанецот не навикна да го гледаме како мирно седи покрај клупата и ретко има бурни реакции. Но, во ова обраќање кон своите фудбалери буквално ги губи нервите.

„Не сум горд на тоа, посебно по натпреварите кога бесен им ги пренесувам емоциите на фудбалерите. Човек сум, грешам. Тоа не ми се допаѓа, но некогаш не можам да се контролирам“, беснееше Пеп во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…