Во судирите меѓу полицијата и хулиганите пред римското дерби помеѓу Лацио и Рома, беа повредени 24 полицајци и предизвикана е материјална штета од 40.000 евра. „Згрозен сум. Не е прифатливо хулиганите да го претворат фудбалскиот натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим Роберто Гвалтиери. Околу 2.000 полицајци беа позиционирани на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, …