Дома Фудбал Бизарно: Вработен во Лацио си го фотографирал половиот орган – добил отказ!

Бизарно: Вработен во Лацио си го фотографирал половиот орган – добил отказ!

Лацио му даде отказ на Хуан Бернабе (56), Шпанец кој беше задолжен за работа со маскотата на римскиот клуб, орелот Олимпија. Бернабе на социјалните мрежи објавил снимки и фотографии од својот полов орган по вградувањето на протеза, што италијанскиот прволигаш го смета за шокантно.

“„Лацио шокиран од фотографиите и снимките на господинот Хуан Бернабе и изјавите, веднаш ги прекина сите односи со него поради сериозноста на неговото однесување. Клубот е свесен за болката што ќе ја предизвика отсутноста на орелот кај навивачите на домашните натпревари, но невозможно е да го поврземе нашиот историски симбол со таков поединец”, објави Лацио.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бернабе за „Ла Република“ даде изјава: “Операцијата не ме направи порно ѕвезда, имав здравствен проблем. Претседателот на клубот (Клаудио Лотито, з.н.)? Тој не е лут поради фотографиите, и тој е исто така маж.”

Објаснувањето на Шпанецот не му помогна и доби отказ по повеќе од десет години. Лацио не е првиот клуб со кој соработувал. Од 2003 до 2010 се грижеше за маскотата на Бенфика Викторија, а во 2011 кратко соработуваше со бугарскиот Лудогорец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…