Дома Фудбал Детали за најбизарниот отказ: Шпанецот се заклучил во соблекувална

Детали за најбизарниот отказ: Шпанецот се заклучил во соблекувална

Најбизарната фудбалска приказна на сезоната доби ново поглавје.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хуан Бернабе (56), Шпанец кој беше задолжен за работа со маскотата на клубот Лацио, орелот Олимпија, се заклучи во просториите на клупскиот тренинг-центар.

Да потсетиме, Бернабе доби отказ во римскиот клуб затоа што на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од својот полов орган по вградувањето на протеза.

Италијанскиот прволигаш неговата одлука ја сметаше за шокантна и реагираше со раскинување на договорот со него.

Откако се дознало дека неговата операција ја извршил клубскиот лекар Габриеле Антонини, отказ му е даден и на него.

Меѓутоа, Бернабе реши да не си оди тивко и мирно.

Според италијанскиот спортски дневен весник “Кориере дело Спорт”, тој се заклучил во клубскиот тренинг-центар за фудбалери и одбил да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројката станува само поголема: 46 милиони навивачи бараат заминување на Мбапе!

Ова е една од најследените петиции на интернет историјата, а сосема е јасно дека освен при…